Природен напиток против вируси, грип и настинки – само 3 состојки за посилен имунитет
Во периодите кога вирусите и настинките се најчести, сѐ повеќе луѓе се свртуваат кон природни решенија за зајакнување на имунитетот.
Доколку барате едноставен, но ефикасен домашен напиток кој може да придонесе за подобро здравје на дишните патишта и олеснување на кашлицата, овој рецепт со лимон и каранфилче заслужува внимание.
Се подготвува од само три состојки, лесно се чува и традиционално се користи како поддршка на организмот во зимските месеци.
Доволно е да се пие по една чаша навечер, пред спиење, во период од седум дена, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
• 1 цел лимон (со кора)
• 5 каранфилчиња
• 4 чаши вода (околу 750 мл)
• 1 лажица домашен мед (по желба, за подобар вкус)
• НМД
Постапка
1. Подготовка на лимонот
Лимонот темелно измијте го за да се отстранат нечистотиите и можните остатоци од пестициди.
Најдобро е да го потопите во млака вода со една лажичка сода бикарбона и да го оставите да отстои околу 10 минути. Потоа добро измијте ја кората со сунѓер и исплакнете со чиста вода.
2. Цедење и сечкање
Пресечете го лимонот на половина и исцедете го сокот. Оставете го сокот на страна.
Кората (жолтиот дел) исечкајте ја на ситни коцки – токму во кората се наоѓаат бројни корисни состојки како витамин Ц, антиоксиданси и растителни влакна.
3. Варење на напитокот
Во поголемо тенџере додајте ја ситно исечканата кора од лимон и петте каранфилчиња. Сипете четири чаши вода, поклопете го тенџерето и ставете го на шпорет.
Загревајте додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете да врие на тивок оган околу 5 минути.
4. Одстојување и цедење
Тргнете го тенџерето од оган, повторно поклопете и оставете напитокот да отстои 10 до 15 минути. Потоа процедете ја течноста во стаклена тегла или сад.
5. Додавање на сокот од лимон
Кога напитокот малку ќе се излади, додајте го претходно исцедениот лимонов сок и добро промешајте. По желба, додајте една лажица домашен мед и мешајте додека да се растопи.
Начин на употреба
Секојдневно пијте по една полна чаша од напитокот навечер, пред спиење. Се препорачува да се користи седум дена по ред. Напитокот може да се чува во фрижидер до три дена.
Зошто токму лимон и каранфилче?
Лимонот е познат извор на витамин Ц и антиоксиданси, кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Кората од лимон, која често се фрла, содржи уште поголема концентрација на корисни материи.
Каранфилчето, пак, традиционално се користи во народната медицина поради неговите ароматични и загревачки својства. Чајот и екстрактите од каранфилче често се применуваат како поддршка при кашлица и иритации на грлото.
Комбинацијата од овие состојки создава топол, пријатен напиток кој многумина го вклучуваат во својата рутина во студените денови.
Напомена: Овој рецепт е дел од традиционалната домашна практика и не претставува замена за медицински третман. Доколку симптомите се влошат или траат подолго, консултирајте се со лекар.





































