Сочен и вкусен колач кој се приготвува многу брзо, рецептот и постапката се многу едноставни, а добивате колач за сите вкусови и сите пригоди.
Потребни состојки:
4 јајца
10 лажици шеќер
10 лажици масло
10 лажици млеко
1 прашок за печиво
10 лажици мелени лешници
10 лажици брашно
За шербет:
400 г шеќер
300 мл вода
Постапка:
Жолчките и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, потоа додадете масло и млеко. Промешајте брашно, прашок за печиво и мелени лешници, па додадете ги во таа смеса.
Белките со прстофат сол изматете ги во цврст снег, а потоа полека и внимателно со жица ставете ги во претходно приготвената смеса од жолчки, шеќер и останатите состојки.
Внимавајте смесата да ви остане воздушеста, па излејте ја во плех со средна величина и печете во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.
Шербет:
400 г шеќер и 300 мл вода ставете ба оган да зоврие. Кога ќе зоврие намалете го огнот и оставете да се вари уште 10 минути. Колачот прелијте го со изладениот сируп, па на крај наросете со сечкани лешници.