Фото и рецепт: Јелена Павловиќ
Ова тоблероне многу брзо се приготвува (за 15-20 минути), ќе им успее и на оние кои не се многу вешти во кујната, а сепак, ќе добијат превкусна и преубава слатка.
Потребни состојки:
5 супени лажици мед
50 г шеќер во прав
65 г маргарин или 1/4 од 1 маргарин, со вкус на ванила
50 г црно чоколадо
50 г печени и сечкани лешници
100 г мелени бисквити
100 г печен сусам
Постапка:
Прво пропржете го сусамот во суво тавче (без масло) и оставете го на страна да излади.
Маргаринот, медот, шеќерот и чоколадото растопете ги на тивок оган или на пареа, тргнете го тенџерето на страна па додадете сечкан лешник, сусам и бисквити.
Убаво измешајте сè, па готовата смеса излејте ја во калап за тоблероне (или сами направете со картони), намастен и обложен со проѕирна фолија за полесно вадење од калапот.
Оставете да се стегне, па подоцна сечете на триаголници.
Фото и рецепт: Јелена Павловиќ