Маслиново масло и лимонов сок: за слабеење, детокс на црн дроб, за лице, коса и нокти

Црниот дроб има улога на фабрика за крв во нашето тело и е најважен за добрата состојба на телото. Ја чисти крвта и ги отстранува сите отрови од телото.

Најдобро за здравјето на црниот дроб е неговото секојдневно чистење. Секое утро на празен стомак испијте 1-2 лажици мешавина од маслиново масло и сок од лимон. Потоа може да појадувате. Оваа смеса може да ја консумирате целиот живот.

Видливи промени ќе почувствувате после еден месец. Ќе забележите дека вашиот изглед се подобрува, темните кругови под очите исчезнуваат, тенот станал посвеж, а општиот изглед подмладен. Цревата ќе работат нормално и ќе заборавите на проблемите со варењето.

Маслиновото масло помага за отварање на каналите на црниот дроб а лимонот ги чисти ѕидовите на цревата од наслагите и холестерол.

Потребни состојки:

-маслиново масло

-лимонов сок

Постапка:

Измешајте ги добро состојките во однос 1:1 и консумирајте по една или две супени лажици секојдневно, наутро на гладно.

Чувајте ја смесата на собна температура – можете и во фрижидер но тогаш ќе се замати – што нема никаква улога на неговото дејство освен визуелниот ефект.

Маслиновото масло е исклучително богато со мононезаситени киселини, со многу витамини, а пред се со витамините А и Е.

За слабеење

Комбинацијата на маслиново масло и лимон се користи за чистење на организмот, а посредно и за слабеење бидејќи ја регулира пробавата.

Се смета дека оваа мешавина помага и за исфрлање на камења од бубрегот. Најдобро е маслиновото масло со лимон да се конзумираат наутро, на празен желудник.

Земете 1 мала лажичка маслиново масло и во неа додадете неколку капки лимонов сок. Пожелно е потоа да испиете чаша млака вода.

Доколку сте на диета, салатите секогаш збогатувајте ги со цеден сок од половина лимон и лажица маслиново масло.

За коса

Маслиновото масло со лимон е суперхранливо средство за косата. Земете предвид дека лимонот се додава во мала количина.

Смесата се користи многу едноставно – втријте ја оваа мешавина во коренот на косата, натопете ги и врвовите и оставете да делува половина час, потоа исплакнете ја косата со млака вода.

Покрај тоа што оваа маска ја зајакнува косата, одличен борец е и против првутот.

За лице

Маслиновото масло има исклучително влијание во сјајната кожа и чистиот тен, а во комбинација со лимон се користи против брчки.

Комбинацијата на маслиново масло и лимон се нанесува на чисто лице, откако лицето ќе го ставите под пареа и така на влажно лице прво се нанесува лимоновиот сок, а откако тој ќе се исуши на лицето се нанесува маслиново масло.

За нокти

Ако сакате да имате здрави и убави нокти барем еднаш неделно употребете маслиново масло и лимон.

Држете ги ноктите потопени во маслиново масло 15-на минути, потоа само избришете ги и истријте ги со лимонов сок, па оставете ги уште кратко време да отстојат пред да ги исплакнете.

Loading...