Home печено месо Турски рецепт за најдобрите ќебап-плескавици…Сочни и вкусни, а тајната е многу едноставна…

Турски рецепт за најдобрите ќебап-плескавици…Сочни и вкусни, а тајната е многу едноставна…

Турски рецепт за сочни и вкусни ќебап плаескавици

Ќебап плаескавиците се традиционално јадење кое потекнува од Австрија, но со текот на времето добило различни варијации низ светот, особено на Балканот.

Турската верзија на ова јадење се издвојува по својата сочност и богат вкус, благодарение на едноставен, но ефикасен трик.

Со користење на само еден вид мелено месо и внимателно одбрани зачини, турските готвачи создаваат ќебапи кои се вистинско уживање за непцето.

Овој рецепт ќе ви овозможи да подготвите автентични турски ќебап плаескавици, идеални за секоја прилика, придружени со свежа салата, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 килограм мелено месо (јагнешко)
– 1 лажичка мелен црн пипер
– 1 лажичка мелен црвен пипер
– 1 лажичка слатка пиперка
– 1 лажичка ким
– 1 лажичка коријандер
– 1 лажица мелен лук
– 1/2 шолја сечкан магдонос
– 1 главица кромид (100 г)
– НМД

Постапка:

1. Ситно исечкајте го кромидот и процедете го низ цедалка од сокот.

2. Во длабок сад, измешајте го меленото месо со кромидот,црниот пипер, црвениот пипер, слатката пиперка, кимот, коријандерот, мелениот лук и сечканиот магдонос.

Мешајте додека зачините рамномерно се соединат со месото. Оставете го во фрижидер да отстои најмалку 30 минути за да се соединат вкусовите.

3. Со раце обликувајте ја смесата во топчиња, а потоа внимателно притиснете ги со прстите за да добиете плескавици, со нерамнини.

5. Загрејте сосем малку масло во тава на средна температура и пржете ги шницлите од двете страни додека да добијат златнокафеава боја и се целосно зготвени.

6. Послужете ги топли, во комбинација со свежа салата по ваш избор или сос.

Овој едноставен рецепт гарантира сочни и ароматични шницли кои ќе ги воодушеват вашите гости и семејство. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: