Home напиток „Едвај се движела, а кога почнала да го пие овој сок и...

„Едвај се движела, а кога почнала да го пие овој сок и се вратила енергијата и сега може да трча…“

Рецепт за природен сок за детоксикација на црниот дроб

Овој едноставен, но моќен рецепт за детоксикација на црниот дроб ќе ви помогне да се чувствувате полни со енергија, посвежи и поздрави.

Со комбинација од природни состојки, овој сок го поддржува чистењето на црниот дроб, ја подобрува дигестијата и ви дава чувство на виталност.

Подгответе го овој напиток и откријте ја тајната на природната благосостојба, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 главица цвекло
– 1 зелено јаболко
– 1 лимон
– 1 портокал
– 1 круша
– 2 см свеж ѓумбир
– 700 мл вода
– НМД

Постапка:

1. Исчистете ја цвеклото, јаболкото, крушата, лимонот и портокалот. Излупете ги цвеклото, лимонот, портокалот и ѓумбирот, а јаболкото и крушата можете да ги оставите со лушпа доколку се органски.

2. Исечкајте ги цвеклото, јаболкото и крушата на помали парчиња за полесно блендирање. Исцедете го сокот од лимонот и портокалот.

3. Исечкајте го ѓумбирот на ситни парчиња.
4. Ставете ги сите состојки во блендер, додајте 700 мл вода и блендирајте додека да добиете хомогена смеса.

5. По желба, процедете го сокот за да добиете помазна текстура (во случај да имате сензитивен стомак).

6. Пијте го сокот наутро, на празен стомак, во тек на три дена за оптимален ефект.

Напомена:

За најдобри резултати, консумирајте го сокот свежо подготвен.

Овој рецепт не само што го поддржува здравјето на црниот дроб, туку и ја подобрува дигестијата, го зајакнува имунитетот и придонесува за чувство на леснотија и виталност.

Пробајте го и споделете ги вашите впечатоци! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=Aky6MLu7rz4