Печурки со лук во путер
Печурките, особено шампињоните, приготвени со лук и путер, нудат богат и ароматичен вкус кој може да го надмине дури и месото.
Овој едноставен, но елегантен рецепт е совршен за брз оброк или како прилог што ќе ги воодушеви вашите гости.
Со само неколку состојки и кратко време за подготовка, ќе добиете јадење полно со вкус и текстура, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 2 лажици растително масло
– 30 г путер
– 300 г шампињони
– 1-2 чешниња лук
– сол по вкус
– мелен црн пипер по вкус
– 1 мала китка магдонос
– НМД
Постапка:
1. Во широка тава на средна температура загрејте го растителното масло, а потоа додајте го путерот и оставете го да се растопи.
2. Додајте ги шампињоните и пржете ги со повремено мешање околу 5-7 минути, додека да добијат златнокафеава боја.
3. Кон крајот на пржењето, додајте ситно сечкан лук, сол и мелен црн пипер по вкус. Промешајте и продолжете со пржење уште 1 минута за да се ослободи аромата на лукот.
4. Додајте ситно сечкан магдонос, промешајте и динстајте уште 1 минута.
5. Тавата тргнете ја од оган и сервирајте го јадењето топло, како самостојно јадење или како прилог.
Ова јадење е идеално за уживање во едноставноста на природните вкусови, збогатени со топлината на путерот и аромата на лукот и магдоносот. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












