Добро се познати придобивките од медот, но малкумина знаат за здравите придобивки од водата со мед.
Нектарината или медовината (напиток од мед и вода) одамна се употребувала за ослободување од разни болести и во козметички цели, но се користела и како вкусен напиток за време на прославите.
Една лажичка мед промешајте ја во чаша млака вода. Медот во водата формира соединение со што се зголемува нејзиното лековито својство, што е научно докажано.
Водата со мед брзо и комплетно се апсорбира во телото. Медената вода подготвена на овој начин го нормализира варењето, ја подобрува функцијата на сите делови на гастроинтестиналниот тракт, го решава проблемот со мрзливи црева.
Покрај другото го подобрува имунитетот, лечи настинки, бронхитис.
Сите видови на паразити во човековиот дигестивен тракт не ја сакаат жолтата боја.
Со оваа вода се прави еден вид чистење на цревата, затоа што се раствораат наслагите и остатоците од екскрементот во цревата.
Полека започнува да се нормализира работата на дебелото црево. Конзумирањето на вода со мед е добар начин да се врати цревната микрофлора. Благодарение на оваа вода се решава и неконтролираното ноќно мокрење.
Медот е хигроскопен, собира вода, па бубрезите и мочниот меур во текот на ноќта се без оптоварување и се одмораат.
Водата со мед како превентивен лек треба да се пие наутро, на празен стомак и тоа што е можно побрзо затоа што вентилот на желудникот веднаш се отвора и водата навлегува во цревата, по што се апсорбира во крвотокот.
Медената вода е најдобро да се пие во утринските часови, штом ќе се разбудите и навечер пред спиење.
Водата треба секогаш свежо да ја приготвите, никогаш не ја правете однапред.
Со мед и вода може да го чистите лицето . Тоа ја храни кожата правејќи ја свилена и мека. Ова е одлична природна козметика која се користела уште од најстаро време па се до денес.