Home посни колачи Посна штрудла со јаболка, досега ваква не сте пробале! Оваа мора да...

Посна штрудла со јаболка, досега ваква не сте пробале! Оваа мора да ја пробате, превкусна е!

Посна штрудла со јаболка, досега ваква не сте пробале! Оваа мора да ја пробате, превкусна е! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

1 пакување готови кори
6 јаболка излупени и изрендани
200 г маргарин /путер, растопен
100 г мелени ореви
4 лажици шеќер, ако сакате може и повеќе
4 лажици лебни трошки (презла) или гриз
1 лажица цимет
суво грозје по желба

за шербет:

700 г шеќер
1 литар вода
½ лимон

Постапка:

Извадете ги корите од фрижидер, најмалку 3 часа пред приготвувањето за да бидат меки, но ги отворајте од амбалажата за да не се исушат.

Путерот растопете го. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во тавче и динстајте ги неколку минути. Додајте цимет и шеќер, па динстајте додека јаболката да ја сменат својата боја и да омекнат.

Потоа процедете ги, па додајте ореви, лебни трошки и ако сакате суво грозје. Промешајте.

Земете правоаголна тепсија, наредете 4-5 кори една врз друга и премачкајте ги со путер. Потоа распоредете фил и свиткајте како ролат.

Ролатот пресечете го на помали парчиња и редете во тепсијата, па потоа премачкајте со растопен путер или маргарин.

Загрејте ја рерната на 200 степени, па ставете на печење околу 15 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште околу 15 минути или додека штрудлата да почне да се одвојува од тепсијата.

Пред тоа ставете шеќер и вода на оган да зоврие. Внимавајте шербетот да не ви се превари зошто ако тој ви е добар, тогаш и штрудлата ќе биде добра.

Јас го ставам лимонот само 1-2 минути и потоа го вадам. Земам лажица па пробувам: ако сирупот полека тече од лажицата во капки, тогаш е готов.

Јас штрудлата ја преливам со врел шербет, односно кога ја вадам веднаш од рерна ја преливам со топол шербет. Овој рецепт ми е останат од мајка ми.

Се остава на собна температура, преку ноќ а се послужува следниот ден.