Многу вкусни!

Потребни состојки:

1/2 путер/маргарин
1 јајце
1 кисело млеко (180 мл)
1 лажичка сол
1 прашок за печиво
400 г брашно

За валкање:

100 г сусам
1 лажица мед + 3 лажици вода

Постапка:

Путерот на собна температура пенасто изматете го со миксер, па додадете едно јајце и кисело млеко.

Продолжете со матење уште некоја минута, па додадете 2/3 од брашното, еден прашок за печиво и една лажичка сол.

Изматете да се изедначи смесата, па додадете го остатокот од брашното и продолжете да месите со рака.

Убаво измесеното тесто кое се двои од ѕидовите на садот, оставете го 10-15 минути да одмори.

За тоа време разматете една лажица мед со три лажици вода.

Со раце формирајте стапчиња како кифли, тенки или дебели, кратки или долги – ги обликувате по ваша желба.

Стапчињата ги натопувате во медниот раствор па ги валкате во сусам. Ќе ви биде потребно околу 100 г сусам.

Ќе добиете околу 2 плеха вакви стапчиња.

Печете ги 15-20 минути на 200 степени додека убаво да заруменат.

Деталите погледнете ги во видеото: