Цвеќето не мора да биде единствениот украс на вашата градина или тераса. Дајте им предност на зачинските билки, а особено водете сметка овие три билки секогаш да ви бидат на дофат рака.

БОСИЛЕК

Босилекот се поврзува со разни култови и верувања. Римјаните го поистоветувале со љубовта и верноста, па се верувало дека мажот засекогаш ќе ја засака жената ако од неа прими гранче босилек. Во народната медицина се користи за лекување на бројни болести: дијабетес, астма, импотенција, бубрежни каменчиња, неплодност и алергии.

Босилекот е познат по фактот дека поседува многу силни антиоксидативни својства (дури 61.000 единици). Тој исто така е богат извор на витаминот Б6 и магнезиум. Поволно влијае врз јакнењето на имунитетот, а свежите листови имаат антибактериски и антисептички својства, па можат да се користат за лекување на инфекции.

Може да се користи локално: листови од босилек ставени на рана спречуваат бактериски инфекции.

-силен антиоксиданс

-има антибактериски својства

-го јакне имунолошкиот систем

-спречува оксидација на холестерол

-го штити срцето и крвните садови

-помага во борба против инфекции

-намалува артритисчни воспаленија

Одгедување: за да го одгледате босилекот потребно е сонце, добра дренажа и редовно полевање. Пред крај на февруари и почетокот на март, босилекот се сее во тегли. Потребна му е топлина за да никне и тоа до 15 степени. Се расадува во мај и може да се одгледува во посебни тегли или директно во градината. Многумина ја користат како декоративна билка, поради својот мирис – го разубавува секој двор.

Во кујна

Босилекот се додава пред крајот на готвењето за да го сочува вкусот и својствата. Секогаш бирајте го свежиот босилек пред сувиот. Од свежо сечкан босилек, лук и маслиново масло се приготвува одличен сос кој се послужува со тестенини, ориз и брускети.

Пригответе освежувачки чај од босилек: исечканите листови прелијте ги со врела вода, оставете поклопено 8 минути а потоа процедете.

РУЗМАРИН

Рузмаринот е грмушеста билка која потекнува од медитеранските краишта, но денес се одгледува ширум светот. Неговото име значи морска роса и низ историјата бил омилена билка.

Оште многу одамна се користел како зачин и како лек, биле познати неговите лековити својства, дека го подобрува памтењето, па студентите уште тоа време го ставале на главата. Се користел за украсување при разни свечености, а и облеката ја кителе со гранчиња рузмарин.

Рузмаринот и рузмариновото масло ги лечат речиси сите болести: се користи како аналгетик, опушта и смирува, претставува одлична храна за мозокот (стимулира креативност и продуктивност), се користи против умор и стрес, поттикнува циркулација.

Одгледување

Се размножува со гранчиња. Потребно му е сонце, добра дренажа и редовно полевање, многу сака топлина, но ќе преживее и остри зими. Редовно поткаструвајте го и уживајте во неговиот прекрасен цвет.

Рузмариново вино

Виното се добива така што младите гранчиња се прелеваат со бело вино, а по неколку дена се процедува. Ова вино го стимулира мозокот и нервниот систем, ја подобрува циркулацијата и работата на бубрезите, а добар е и за главоболки.

Чај од рузмарин

Младите ливчиња, листови и цвет се користат за приготвување на чај, кој е добар лек за грчеви во желудник, настинки, нервни болести и главоболки.

Унгарска водичка

Врвови од рузмарин се потопуваат во алкохол, смесата отстојува четири дена а потоа се процедува: се користи за лекување на гихт во раце и нозе со втривање во кожата.

Во кујна

Рузмаринот се користи при готвењето како зачин, особено во медитеранската кујна. Во мали количини е одличен зачин за месо, супи и меки сирења. За да прими арома, при готвењето се става гранче рузмарин а потоа се вади. Со рузмарин може да се ароматизираат масла и оцети.

МАГДОНОС

Едно гранче магдонос е повеќе од зачин во вашата чинија. Тоа е најпопуларниот зачин кој може да се пронајде во речиси секој супермаркет во текот на целата година (секако, најдобар е тој од вашата градина). Има деликатесен и освежителен вкус со прекрасна зелена боја со што претставува незаменлив како зачин и украс на сите јадења.

Магдоносот содржи две групи соединенија кои се многу важни за здравјето. Првата група состојки содржат природни етерични масла, а втората флавоноиди. Покрај тоа претставува и одличен извор на витамини Ц, А и К. Етеричните масла штитат од рак, особено од рак на бели дробови, а флавоноидите дејствуваат како антиоксиданти, врзувајќи се за слободните радикали и на тој начин го спречуваат нивното штетно дејство.

Добар извор е на фолна киселина која има важна улога за здравјето на кардиоваскуларен систем.

Одгледување

Се сее на почетокот од есента или рано напролет. Коренот е доста цврст и поради тоа одгледувањето е многу лесно. Треба редовно да се полева.

Консумација

Магдоносот е најдобро да се консумира во свежа состојба, со салати. Свежиот магдонос е подобар од сувиот. Испрскајте го со вода и затворете го во кесичка, па чувајте го во фрижидер за подолг рок. Можете и да го замрзнете, ќе го сочува вкусот но ќе ја изгуби крцкавоста.

Користете го во почесто бидејќи одговара со речиси сите јадења.