Ова е фантазија од палачинки, однадвор крцкави, а одвнатре пенасто меки…мммм

Потребни состојки:

-палачинки
-Варена шунка
-Кашкавал по ваш избор
-кисели краставички
-кисела павлака (или кајмак)
-мајонез

За похување:

Јајца и лебни трошки (презла)

Постапка:

Шунката исечете ја поситно, исто и кашкавалот и краставичките. Додадете мајонез и павлака, па добро соединете.

Со филот премачкајте по средина од палачинката, преклопете ги краевите од страна и свиткајте.

Убаво свитканите палачинки натопете ги во изматени јајца, па внимателно валкајте ги во лебни трошки за да се добие убава коричка.

Пржете ги во масло загреано на умерена темпеартура од двете страни, или печете ги во рерна во плех обложен со хартија и малку намастен, па врз секоја пирошка ставете по малку путерче или наросете малку масло.

Не го напишав рецептот за тестото за палачинки, бидејќи секој од нас си има свој начин за приготвување на палачинки.

Исто така и количината на филот сами одредете ја бидејќи јас тоа одокативно го правам.