Едноставно и ефикасно: со средството кое сите го имате во кујна, ослободете се од пеги, дамки и хиперпигментација на кожа

Хиперпигментација е пореметување на бојата на кожа, кое се карактеризира со темни места на кожата, а го предизвикува зголемено ниво на меланин, темен пигмент на кожата.

Изложеност на сончева светлина, бременост, одредени болести, старост или траума можат да доведат до пореметување на меланинот и да се создадат неестетски кафеави дамки својствени за ова бенигно пореметување. Причинителите можеме да ги поделиме на надворешни и внатрешни.

Надворешните причини може да бидат оние кои доаѓаат од околината, како што се изложеност на сончеви зраци или поради хемиски соединенија (бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон и сл.)

Внатрешните причини се однесуваат на генетското наследство – луѓето со потемен тен на кожа имаат поголема склоност за развој на ова пореметување.

Пегите, старечки дамки и дамки од сонце се предизвикани од штетните ултравиолетови сончеви зраци кои го оштетуваат меланинот и резултираат со привремена или трајна дисколорација.

Често ваквите дамки можете да ги забележите на лицето и рацете, меѓутоа, може да се јават на било кој дел од кожата кој е изложен на сонце.

Лузните од рана или операција можат исто така да предизвикаат промена на бојата на кожата, па дури и кога проблемот ќе помине, темните места остануваат.

МЕЛАЗМА е хиперпигментација на кожа која се развива за време на бременост, иако понекогаш може да ја добијат и мажи. Обично за мелазмата се говори како за маска на бремената жена, бидејќи темните дамки го покриваат лицето – главно носот и образите. Ова пореметување обично поминува само по себе после бременоста и не предизвикува поголеми проблеми.

ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА, ДАМКИ, ПЕГИ – РЕЦЕПТ

Земете една лажичка куркума во прав. Додадете една лажичка сок од лимон. Промешајте добро и нанесете на зафатените делови. Оставете 15 минути да се исуши и потоа исперете со ладна вода.

Не се изложувајте на сонце веднаш потоа! Се препорачува ова да се прави навечер, пред туширање. Повторувајте еднаш или двапати дневно, се до видливи резултати.

Овој едноставен лек навистина делува а се темели на начелата на Ајурведа, древна индиска наука за лечење на телото.

Лимонот ја избелува кожата и поттикнува елиминација на мртвите клетки, а куркумата освен што изма избелувачки ефекти, исто така делува и противвоспалително и кожата ја прави сјајна.

Loading...