Сочен колач со гриз кој се топи во уста!

Потребни состојки:

10 јајца
10 лажици шеќер
6 лажици ситен пченичен гриз
4 лажици меко брашно тип 400

За преливање:

2 литри млеко
10 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

Постапка:

Јајцата извадете ги од фрижидер за да се стоплат на собна температура. Одвојте ги белките од жолчките и пенасто изматете ги со миксер со постепено додавање на шеќер додека да се создаде цврст снег.

Миксерот намалете го на најмала брзина и додадете жолчки. Полека матете само колку да се соединат. Исклучете го миксерот. Оставете на страна.

Брашното измешајте го со пченичен гриз (многу е важно да биде што поситен гризот за да има покремаста структура).

Со лажица полека додавајте во изматената смеса и полека соединете. Тркалезна тепсија (30 см) намастете и набрашнете. Излејте ја смесата и ставете во загреана рерна да се пече на 200 степени.

Печете 10 минути на 200 степени, па уште 20-тина минути на 175 степени.

После 15-тина минути вклучете ја ринглата на шпоретот и ставете го млекото да се загрее со 10 лажици шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Нека се згрее до точка на вриење.

Додека млекото да зоврие на тивко и кохот ќе биде готов. Печениот кох можете малку да го избоцкате за полесно да го прими млекото, но не мора.

Мајка ми ме научи дека за вака сочен кох, мора врело со врело да полие. Млекото треба да се полива полека со голема кутлача додека биксвитот впива. Оставете убаво да излади, а потоа консумирајте го – но, во умерена колична!

ВАШИ КОМЕНТАРИ

Љубинка Глигорова:

”Често го правам, не толку колку што го сакаме 😍…без прашак…со 8 јајца ,8 л. шеќер, 2 ванили, 8 л. гриз, 4 л. брашно ( лажиците не преполнети) , 2 литр. по желба заблажено млеко … топло со ладно прелиено, а јајцата со шеќерот со миксер цврсто изматени…
Тоа е мојот начин 😊”