МЕДЕНО СРЦЕ: брз посен колач со мерки на чаша, мешате, печете и топло премачкувате со џем (многу евтин колач)

Фото и рецепт: Ивана Антиќ

Мерката е чаша од јогурт (180-200 мл)

Потребни состојки:

4 чаши брашно

2 чаши шеќер

1 чаша масло

1 прашок за печиво

1 кесичка цимет (или по вкус) и малку какао за да се добие темна боја

1 лажичка сода бикарбона

3 чаши вода

За премачкување: џем

За глазура: 200 г чоколадо за готвење со малку масло (2-3 лажици)

Постапка:

Сите состојки измешајте ги и соединете ги, па излејте во намастен и набрашнет плех и печете на 200 степени околу половина час или додека да биде печено (проверете со чепкалка).

Печениот колач додека е врел премачкајте го со џем, а кога ќе излади прелијте го со растопеното чоколадо.

Фото и рецепт: Ивана Антиќ

Прочитајте уште еден рецепт за посно медено срце каде имате и видео: ТУКА

Loading...