Кромидот е намирница која е нашироко позната по своите лековити и превентивни својства за многу болести. Со својот карактеристичен вкус претставува неопходна состојка на сите готвени јадења, прилог за скара, а неретко се консумира и самостојно како познат убиец на вирусите.
Може да се најде во текот на целата година, но најдобри ефекти за здравјето има во пролет, па затоа се нарекува и пролетен кромид.
Ако ги анализираме нутритивните вредности на стариот и младиот кромид, ќе забележиме дека младиот кромид е побогат со некои витамини и минерали, па затоа слободно може да се нарече еликсир на здравјето:
Погледнете ја табелата:
Младиот кромид ги содржи во поголема количина витамините Ц и К, кои се од клучно значење за минерализација на коските и чување на нивното здравје и цврстина, а исто така го поддржува имунитетот и помага за негово зајакнување.
Витаминот А, во составот на младиот кромид се наоѓа во форма на провитамин, кој во организмот се претвора во ретинол, кој пак е неопходен за зачувување на здравиот вид.
Корисниот и здрав млад кромид, благодарение на големата количина на флавоноиди во својот состав ја поттикнува работата на имунолошкиот систем, го инхибира (спречува) создавањето на слободните штетни радикали и му помага на организмот да се одржи витален и здрав.
Одличен е за здравјето на срцето, бидејќи помага во намалување и спречување на таложењето на масните наслаги во крвните садови, со што овозможува подобар крвоток и намалување на ризикот од тромбоза.
Една од поважните придобивки од пролетниот млад кромид е тоа што поради присуството на хром, има успешно влијание во регулирањето на шеќерот во крвта.
За тоа придонесува и стимулирачкото дејство за лачење на инсулин, кој е одговорен за одржување на нивото на шеќер во крвта во нормални граници, од што може да се заклучи дека претставува фантастична храна за дијабетичарите, односно сите оние кои имаат проблем со нивото на шеќерот.
Не воздржувајте се, збогатете ја трпезата со овој свеж и исклучително здрав зеленчук!