Ова е еден многу вкусен посен колач на вода, збогатен со вишни.

Потребни состојки:

12 лажици шеќер

400 мл вода

20 лажици брашно

1 прашок за печиво

4 лажици џем по избор (одберете помек за да може убаво да измати)

100 г пченички ‘ркулци (тоа е замена за ореви и се користи во пост на вода, а ако немате може да ставите мак, рогач или нешто слично)

300 г чистени вишни

Постапка:

Во водата додадете џем и шеќер и добро промешајте. Потоа додадете пченични ‘ркулци, промешајте, па брашно помешано со прашок за печиво и убаво се’ соединете.

На оваа смеса додадете одмрзнати и исчистени вишни, па промешајте со лажица.

Оставете да отстои додека рерната се загрее на 180 степени.

За тоа време вишните малку ќе се отпуштат, па затоа уште еднаш промешајте за да соедини и испуштениот сок.

Излејте ја смесата во плех со димензии 30х20 обложен со хартија и печете околу 30 минути во зависност од рерната. Исечете на коцки и наросете со шеќер во прав.