Потребни состојки:

3 тиквички (малку поголеми)

2 лажици маслиново масло

3 млади кромитчиња

1 мала китка босилек

150 г рендан кашкавал

2 јајца

100 мл неутрална течна павлака

2 чешниња лук

малку мускантно оревче

сол, црн пипер

по желба магдонос, власец

2 лажици пармезан

Постапка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на тенки плочки. Посолете.

Исечете го младиот кромид, исечкајте го босилекот и изрендајте го кашкавалот.

Ако тиквичките испуштиле сок, малку процедете ги и потоа помешајте ги со кромидот, босилекот и кашкавалот.

Садот за печење премачкајте го со оние две лажици масло, па во него распоредете ги приготвените тиквички.

Изматете јајца, додадете течна павлака, сечкано лукче, малку посолете и запиперете, па додадете и малку рендано мускантно оревче. Прелијте преку тиквичките.

Печете во рерна околу 15-тина минути, па потоа наросете со пармезан и допечете уште околу 5 минути, да добие румена боја.

Послужете топло, како самостојно јадење или како прилог.

Наместо тиквички, на ист начин може да се приготвуваат и модри патлиџани.