Потребни состојки:

4 банани

1 кора лиснато тесто

200 г црно квалитетно чоколадо

60 г брашно

4 јајца

4 жолчки

60 г шеќер

200 г растопен, течен путер

+една жолчка за премачкување

Постапка:

Бананите излупете ги и исечкајте ги од едната страна само, со засеци до една третина од внатрешниот агол, за да може да исправат.

Лиснатото тесто развлечете го врз хартија за печење, а бананите наредете ги по една на секој агол.

Врз бананите нанесете сируп од карамел, па започнете го завиткувањето на бананите. Започнете со ивицата на аголот од кората, така што ќе ја обвиткате бананата еднаш или двапати. Ќе добиете затворен квадрат кој ќе го исполните со кремот.

Крем: чоколадото искршете го на коцки и растопете го во микробранова печка или на пареа. Додадете брашно, јајца, жолчки, шеќер и растопен путер, па матере со жица за матење додека да добиете компактна смеса.

Смесата излејте ја во коцката со ограда од банани.

Одозгора боцнете неколку коцки чоколадо и ставете да се пече 12 минути во загреана рерна на 180 степени.