Баба ми правеше ваква брзинска вечера/појадок, готова за 15 минути

Потребни состојки:

8-10 парчиња сечен леб

2 јајца

150 г кисела павлака

100 г млад кајмак

Loading...

100 г кравјо сирење или кашкавал

по желба сусам, оригано

Постапка:

Стариот леб исечете го на парчиња. 

Кајцата, павлаката и кајмакот изматете ги, па во смесата натопете го лебот.

Сирењето изрендајте го и наросете го врз лепчињата, а исто така и сусамот, ориганото..

Печете во плех обложен со хартија во загреана рерна на 220-250 околу 10-тина минути.

Loading...