Потребни состојки:
1 шолја од 200 мл мелени ореви
1 шолја мелени посни бисквити
2 шолји шеќер во прав, може и помалку
3 лажици џем од сливи или од кајсии
2 лажици рендано црно, посно чоколадо
1 лажица какао, може и повеќе ако сакате
3 лажици вода или газиран сок по потреба
1 лажица рум или по вкус
*наместо 1 шолја ореви и 1 шолја бисквити, можете да користите 2 шолји ореви
Постапка:
Измешајте ги сувите состојки, па додадете џем, вода и рум, па замесете со раце. Оставете да се стегне во фрижидер околу половина час и обликувајте ги топчињата. Добивате 25 топчиња со средна величина.
Валкајте ги по вкус, во кокос, мелени ореви, лешници, какао, топено чоколадо.
Многу се вкусни, особено ми се допаѓаат бидејќи не содржат маргарин, а наместо џем можете да користите мед.
Деталите погледнете ги во видеото: