Со полн кремаст вкус на кокос!
Потребни состојки:
300 г мелени бисквити, 200 г темно, квалитетно чоколадо, мелено или ситно рендано, 100 мл млеко
За фил:
500 мл млеко, 80 г пченичен гриз, 100 г шеќер, 200 г кокос
Глазура:
100 мл слатка павлака, 100 г црно чоколадо, 40 г путер
Постапка:
Се мешаат мелените бисквити и меленото чоколадо, па се прелеваат со млеко.
Се меша, а добиената смеса за кора се натапкува во тепсија 30х22 см обложена со хартија за печиња. Се израмнува да биде рамномерно.
Половина литар млеко со 100 г шеќер и 70 г пченичен гриз се мешаат со жица за матење, па се ставаат на оган и се готви со постојано мешање додека да згусне.
Во врелиот гриз се додава кокосот, се меша и се нанесува рамномерно врз кората. Се става во фрижидер или замрзнувач да излади.
Слатката павлака се загрева со чоколадото искршено на коцки и се меша додека тоа да се стопи, па потоа се додава 40 г путер и се прелива како глазура.
Деталите за приготвување погледнете ги во видеото: