ВЛИЈАНИЕ НА КАШЕСТИОТ СОК ОД КОПРИВА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО
Бидејќи копривата е една од билките со најголем број лековити својства, се препорачува секојдневно да се пие овој природен сок, но не повеќе од една чаша. Ги има следните позитивни дејства:
-ја помага работата на цревата
-ја подобрува крвната слика, па би требало да го консумираат лица со анемија, а може да помогне и при најтешките заболувања на крвта, како леукемија
-Му помага на организмот да се опорова после тешки болести, операции и други стресни ситуации
-позитивно делува врз работата на бубрезите, црниот дроб, белите дробови и панкреасот
-го јакне имунитетот и му помага на организмот во борбата против настинки, вируси и слично
-го регулира нивото на шеќерот во крвта, па особено им се препорачува на дијабетичарите
-Помага во исфрлање на вишокот течности и забрзување на дигестијата
-лекува уринарни и респираторни инфекции
-ублажува алергии и астма
-помага при болести на коските
-ја јакне надбубрежната жлезда
-ублажува симптоми од желудочни тегоби
-во козметиката има широка примена, бидејќи го подобрува здравјето и квалитетот на кожата и косата
-спречува опаѓање на коса
-го опоравува организмот, ја враќа енергијата и ја зголемува издржливоста
НУТРИТИВНА ИНФОРМАЦИЈА
Сокот од коприва е богат со минерали: железо, калциум, фосфор, витамин А, витамин В2, витамин Ц, органски киселини, флавоноиди, билни масти, билни јаглени хидрати и билни белковини. Доколку се консумира секојдневно околу 200 мл од овој напиток, позитивните резултати би требало да бидат видливи за еден месец.
КАШЕСТ СОК ОД КОПРИВА
За овој рецепт потребен ви е блендер. За берење на копривата користете заштитни ракавици или кеса. Копривата берете ја од чист и незагаден предел, далеку од сообраќај.
Листовите се зрели кога билката ќе достигне висина од 20 см и тогаш се најквалитетни.
Кога ќе се набере копривата е потребно да се испере неколку пати со ладна вода. За сок се користат листовите од копривата, односно врвовите од билката. За овој рецепт ви се потребни свежи листови.
2 полни раце коприва
250 мл врела вода
Постапка:
1.Состојките ставете ги во блендер и заедно измиксајте.
2.Добиената содржина процедете ја низ цедалка и газа.
3.Засладете со мед, шеќер, стевија или нешто друго.
4.Консумирајте веднаш.
НАПОМЕНА:
Препорачана доза е една чаша дневно (200 мл). За вкусот може да се каже дека потсетува на чорба од спанаќ, па и покрај лековитоста, на некои не им одговара. Доколку правите поголема количина за да имате за подоцна, сокот би требало да го замрзнувате.
Освежителен сок / сируп од коприва со послабо дејство од кашестиот
Потребни состојки:
40 врвови млада коприва
3 литри ладна вода
2 лимони или цитрони
Се остава 24 часа, па се процедува. Во течноста се додава 1 кг шеќер и повремено се промешува за да се растопи шеќерот. Се остава нови 24 часа за целосно да се растопи шеќерот. Потоа се складира во стаклени шишиња и се чува на ладно.