Овој напиток се покажал како многу ефикасен за слабеење и го препорачуваат речиси секогаш кога постои проблем со празнење на цревата.
Секако, потребно е повеќе да се движите и поздраво да се храните.
Освен што е добар за слабеење, овој напиток многу позитивно делува и врз целокупното здравје.
Состојките кои влегуваат во составот се многу здрави. Па така, чиа семето поволно влијае врз општото здравје бидејќи содржи доста омега 3 масни киселини, протеини, калциум и диетални влакна.
Делува како антиоксиданс и се бори против слободните радикали.
Лимонот содржи витамин Ц и минерали како калциум, калиум, магнезиум, железо.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лимон – сок
1 супена лажица чиа семе
1 лажица мед
1 чаша вода
ПОСТАПКА:
Натопете го семето во чаша вода и оставете најмалку еден час да киснат. За тоа време тие малку ќе набубрат.
Потоа, содржината истурете ја во блендер, па додадете ги медот и лимоновиот сок и убаво измиксајте за да се соединат.
Консумиракте го овој напитом во утринските часови, најдобро на празен стомак.
Ќе се чувствувате подобро а ќе ви помогне и да го намалите нивото на шеќер и холестеролот во крвта.
Делува како четка за чистење на дебелото црево, па исто така напитокот многу позитивно делува и кај луѓе што имаат мрзливи црева.