Вкусно и едноставно!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 јајца, 180 г шеќер, 200 г брашно, 1 прашок за печиво, 200 мл млеко, 200 мл масло, 10 големи лажици ореви. ЗА КРЕМ: 500 мл млеко, 1 пудинг од ванила, 2 лажици брашно, 250 г шеќер и 250 г путер.
ПОСТАПКА: За кора: прво изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло и млеко и на крај брашно помешано со прашок за печиво и мелени ореви (по потреба додадете уште малку брашно, проценете сами). Смесата излејте ја во помал плех обложен со хартија, па печете на 180 степени.
За крем: сварете пудинг со брашно и шеќер во млекото. Изладете. Путерот пенасто изматете го а потоа соединете го со изладениот пудинг. Кремот поделете го на два дела. Редење: кора, половина од кремот, кора, втората половина од кремот. На крај наросете со мелени ореви.