Урмите имаат широк спектар на здравствени и хранливи вредности, па поради тоа многумина велат дека тоа е најздравото овошје на светот. Речиси не постои болест за која урмите не можат да помогнат.
Урмите се многу хранливо овошје. Содржат природен шеќер во облик на глукоза и фруктоза. Сомелените суви урми потопени во вода во која стоеле цела ноќ се добар лек за зајакннување на срцето и неговите витални функции. Урмите се и многу ефикасен природен лек за мамурлак.
Одличен извор на железо
Анемичните пациенти би требало да јадат што повеќе урми, бидејќи тие се одличен извор на железо. Околу 100 грама урми содржат околу 0.90 мг железо, што е околу 11% од препорачаниот дневен внес. Железото, како дел од хемоглобинот во црвените крвни зрнца, ја одредува носивоста на кислород во крвта. Најмногу потреба за железо имаат децата во пубертет и бремените жени.
Ја запираат дијареата
Урмите содржат калиум, кој е корисен при запирање на дијареа. Покрај тоа, урмите помагаат цревната флора што побрзо да се обнови. Со редовното конзумирање на урми ќе им олесните на цревата да создадат добри бактерии.
Лек за тврда столица
Исто како што ја запираат дијареата, урмите можат да помогнат храната побрзо и полесно да се свари. Потребно е да се земат неколку урми и навечер да се стават во чиста вода. Во текот на ноќта урмите ќе го пуштат својот сок, кој од одличен лаксатив, што ќе ги стимулира мрзливите црева.
Ја регулираат телесната тежина
Поради големиот удел на хранливи материи, урмите кај човекот предизвикуваат чувство на ситост и помагаат при слабеење. Ако на празен стомак изедете урма, таа ќе ја регулира работата на цревата и на организмот ќе му го даде потребниот шеќер. Урмите немаат холестерол, но имаат доста шеќер, па од претерано конзумирање на урми би можеле да се здебелите.
Го намалуваат холестеролот
Урмите имаат способност да го намалат нивото на ЛДЛ лошиот холестерол во телото. Затоа, ова е одлична храна за луѓето со висок холестерол, кој предизвикува масни наслаги во артериите, кои доведуваат до згрутчување на крвта и други срцеви болести.
Го зајакнуваат срцето
Луѓето со слабо срце можат да го користат ова неверојатно овошје. Во текот на ноќта да ги потопат урмите со семки во вода. Наутро нека ги отстранат семките од урмите, да ги сомелат во блендер заедно со водата во која стоеле во текот на ноќта. Овој природен лек да го конзумираат неколку пат дневно за да го зајакнат срцето.
Го намалуваат крвниот притисок
Урмите се многу погодна храна за луѓето кои страдаат од висок крвен притисок. Тие содржат многу малку натриум, а се богати со калиум. Стандардната порција од пет или шест урми дава околу 80 милиграми магнезиум, есенцијален минерал кој придонесува за проширување на крвните садови. Истражувањата покажуваат дека 370 мг магнезиум дневно може да го намали крвниот притисок.
Штити од мозочен удар
Една од клучните предности на урмите е нивната способност да ја регулираат работата на нервниот систем, благодарение на тоа што се богати со калиум. Истражувањата покажале дека поголемиот внес на калиум (околу 400 мг) може да го намали ризикот од мозочен удар за 40 %.
Го подобруваат здравјето на коските
Силните коски се клучни за заштита на внатрешните органи, но и за заштита од појава болести како остеопороза. Жените се особено подложни на појава на оваа болест, па токму поради тоа тие редовно треба да конзумираат урми. Урмите се богати со калциум, железо и други витамини и минерали како селен и магнезиум , кои се клучни за добро здравје на коските. Затоа, секојдневното конзумирање на урми нека стане ваша навика.
Го подобруваат изгледот на кожата
Урмите се одличен извор на витамин Ц и витамин Д. Тие помагаат во подобрување на еластичноста на кожата. Исто така, придонесуваат и за посјаен и помек изглед. Урмите влијаат и против стареењето бидејќи делуваат против слободните радикали во телото. Тоа значи дека може да имате помлад, посвеж и поздрав изглед на кожата доколку конзумирате урми. Избегнете ги скапите третмани на кожата во салоните и наместо тоа додадете урми во вашето мени.
Делуваат против воспаленија
Како што споменавме, урмите се богати со многу витамини и минерали. Еден од нив е магнезиумот. Во 100 грама урми има околу 30 милиграми магнезиум, што е 15% од препорачаната дневна доза на магнезиум. Студиите покажуваат дека магнезиумот помага во намалување на ризикот од појава на болести како артритис, Алцхајмерова болест, но и го подобрува кардиоваскуларното здравје.
Позитивно влијаат врз дигестивниот систем
Хранливите влакна се клучни за добро функционирање на дигестивниот систем, особено при појава на констипација. Урмите во себе содржат и растворливи и нерастворливи влакна. Во 100 грама урми има околу 7 грама влакна, што е всушност е една четвртина од дневните потреби за влакна. Овие влакна го подобруваат здравјето на дигестивниот систем и го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево и заштитуваат од појава на хемороиди.
Урмите растат во огромни гроздови на палмите. Поради нивните корисни својства арапските земји секојдневно ги консумираат. Урмите лесно се берат, чуваат и транспортираат, па така тие се лесно достапни во сите продавници ширум светот.
Природните шеќери кои ги содржат во себе се во облик на глукоза и фруктоза. Мелените суви урми потопени во вода во која претходно стоеле цела ноќ, претставуваат добар лек доколку сакате да го зајакнете срцето и неговите витални функции.
Урмите исто така претставуваат и многу ефикасен природен лек за мамурлак и многу ефикасен природен лек против стареење. Тие ги смируваат нервите, а научно е докажано дела слатките плодови поради големото количество на калциум, магнезиум и фосфор можат превентивно да делуваат и против ракот.
Урмите го зајакнуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, го регулираат варењето и го штитат стомакот од паразити и бактерии.
Освен консумирањето на целиот плод, од урмите можат да се направат и други производи, како џем, пасти за слатки и пити и сл. Сепак, треба да се води сметка за количеството кое го консумирате, особено доколку имате проблем со вишок килограми, бидејќи само една урма има 20 калории.