Home Рецепти Толку вкусен ручек направен од толку малку намирници досега не сум јадела!

Толку вкусен ручек направен од толку малку намирници досега не сум јадела!

Потребни состојки (за едно лице):

1 поголема тиквица

По желба рендан кашкавал

1 јајце

3 лажици кисела павлака

Малку сол, сув зеленчук (вегета)

Постапка:

Тиквичките исечкајте ги на тркалца и наросете ги со вегета.

Огноотпорниот сад намастете го со малку маслиново масло или путер, па наредете ред тиквички, малку рендан кашкавал, па повторно тиквички, рендан кашкавал и повторно тиквички и се’ така додека да ви се потроши материјалот.

Во еден сад изматете го јајцето со кисела павлака, малку посолете и зачинете по вкус, па прелијте преку тиквичките.

Најгоре изрендајте кашкавал и ставете да се запече.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути.

Ако сакате можете да додадете и месо.