Потребни состојки:

500 г компир

500 г брашно

Презла

Сол

Постапка:

Половина килограм компир ставете го да се вари неизлупен. Сварениот компир излупете го, испасирајте го, посолете го и замесете го со брашно. Убаво замесете за да биде изедначено и да нема грутчиња брашно.

Добро изработеното тесто развлечете го со оклагија, па сечете квадратчиња или тркалца (а можете да обликувате и топчиња, но вака е полесно) и спуштајте ги во зовриена солена вода.

Кнедлите се варени кога ќе започнат да испливуваат на површината.

Валкајте ги во презла и служете ги топли како прилог (со риба на пример или варен зеленчук).