ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг компир

150 г целер

1 главица кромид

500 г морков

250 г посен мајонез

200 г кисели краставички

1 лажица сенф

Малку сол, малку црн пипер, неколку лажички од течноста од теглата на киселите краставички

ПОСТАПКА:

Зеленчукот добро измијте го и сварете го со кора. Оставете да излади па излупете го.

Краставичките ситно изрендајте ги, измешајте ги со мајонез, сенф, посолете и запиперете. Додадете и киселина од теглата на краставичките.

Компирот исечете го како за потенок помфрит.

Редете: компири, премаз од кисели краставички, рендан морков и целер, пак компир и така наизменично.

Оставете ја салатата во фрижидер да се стегне и да се спојат вкусовите. Извадете од калап и декорирајте по желба.