Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

Има различни рецепти за сутлијаш, ова е мојот, излегува малку потечен, но таков го сакаат моите. И она што е најдобро кај овој рецепт: не треба постојано да стоите врз шпоретот и да внимавате дали претекло или загорело.

Потребни состојки:

1 литар млеко

1 литар вода

4 филџани ориз

4 филџани шеќер

1 ванилин шеќер

(1 филџан = 60 грама)

Постапка:

Сите состојки (ладни) измешајте ги во еден поголем сад.

Ставете на оган и мешајте додека да зоврие.

Намалете го огнот и потоа мешањето веќе не е потребно, само повремено.

Варете на тивко околу 20-30 минути во зависност од оризот.

Нема ниту да ви претече, ниту да ви загори.

Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ