Фото и рецепт: Хајрија Цикариќ
Потребни состојки за една кора (од една кора излегуваат три банички)
250 г брашно
2 лажици масло
1 мало лажиче сол
160 мл топла вода
За фил:
400 г ситно сирење по ваш избор или мешавина од сирење и павлака или јогурт
3 јајца
А може да пробате и да ставите и малку лути пиперчиња или филот да си го приготвите по сопствен избор.
Постапка:
Замесете меко и мазно тесто од брашно, сол, масло и вода. Тестото премачкајте го со путер, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло да отстои околу 30-40 минути.
Потоа развлечете ја кората до половина од саканата величина, премалкајте ја со масло или со растопен путер, превиткајте на половина и оставете 10-тина минути.
Потоа повторно вратете ја кората како што си беше (одиплете ја) и започнете да ја тегнете со раце до посакуваната величина.
Добиената кора пресечете ја на три дела и филувајте ја по избор.
Баничките печете ги на 220 степени околу половина час и уште 10-тина минути на 180 степени.
По желба одозгора премачкајте ги со путер или прелијте ги со растопен кајмак. Ако сакате крцкави банички, погаш не ги преливајте и не ги покривајте. Но ако сакате мека пита, тогаш прелијте ги со кајмак или кисело млеко или јогурт и прекријте ги со памучна крпа.
Фото и рецепт: Хајрија Цикариќ