Потребни состојки:

1 литар млеко

150 г гриз

250 г путер / маргарин

1-2 лажици какао

200 г шеќер

1 ванилин шеќер

½ лимон – сок и рендана кора

Бисквити по потреба

Постапка:

Сварете го млекото со шеќерот, додадете путер да се растопи во него, па во него сварете го гризот.

Поделете ја смесата на два дела, па во еден додадете какао, а во другиот дел ванилин шеќер и лимон.

Во плех 20х30 наредете бисквити, па прво ставете го црниот крем. Потоа, врз црниот крем наредете бисквити.

Врз бисквитите излејте го белиот крем и одозгора повторно наредете бисквити.

Можете да редете во повеќе слоја и редоследот да биде по ваш избор.

По желба одозгора излејте чоколадна глазура.

Оставете во фрижидер неколку часови добро да излади.