Фото и рецепт: Нермина Јордамовиќ

(може да се направи и во облик на торта)

Потребни состојки:

7 белки, изматете ги во снег и постепено додавајте

200 г шеќер, потоа со дрвена лажица промешајте

50 г брашно

200 г мелени ореви

Смесата излејте ја во намастена и набрашнета тепсија 35х20.

Печете околу 20-25 минути на 180 степени.

За крем:

Од 750 мл млеко одвојте колку да можете да промешате

7 жолчки

150 г шеќер и

2 пудинг од ванила

Остатокот од млеко ставете го на оган, па кога ќе зоврие сварете ја приготвената смеса и гответе 1-2 минути.

Потоа додадете:

150 г путер и добро измешајте.

Во половина од кремот промешајте

100 г кокос

а во другата половина

100 г растопено чоколадо за готвење.

Смесата со кокос премачкајте ја врз изладениот бисквит, а преку неа распоредете го чоколадниот крем.

Одозгора можете да нанесете чоколадна глазура па да декорирате или само да наросете со кокос и ореви.