Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрилни дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот.
Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични болки доколку не се лекува навремено.
СИМПТОМИ:
-хронична болка во долниот дел на грбот која се шири на колковите,
-болка во задникот и бутовите по подолго пешачење,
-пецкање и слабост во колената, рацете и прстите,
-хронична болка во вратот со болка во главата, рамената и рацете
НАРОДЕН ЛЕК ЗА ДИСКОПАТИЈА
1.ОБЛОЗИ ОД ЛЕКОВИТА ГЛИНА
Едно парче глина (хума) од аптека, се чува изложена на сонце 3 дена.
Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода.
Во аптеката прашајте дали имаат веќе готова глина во прав, подготвена за употреба (надворешно).
Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облогата во вид на палачинка.
Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и втор пат навечер, а се остава да делува 3-4 часа.
2.ОБЛОГА ЗА ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА
Потребни состојки:
3 главици лук
1 лажица сода бикарбона
1 лажица чист алкохол од аптека
1 лажица масло
Подготовка:
Сите состојки се мешаат а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место.
Претходно кожата на болното место треба да се измачка со свинска маст. Се остава да отстои неколку часа или да преноќи. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.
3.Лек за орална консумација
Потребни состојки:
125 г рен
4 лимони
2 лажички цимет во прав
2 см корен од ѓумбир
3 лажички мед
Постапка:
Во блендер измешајте рен и ѓумбир. Потоа во тоа додадете исцеден лимон. Мешајте околу 3 минути па додадете мед и цимет.
Повторно блендајте се’ додека да добиете сируп кој ќе го префрлите во стаклена тегла.
Употреба:
Консумирајте по една лажичка двапати дневно, пред оброк. Третманот може да трае три седмици, а потоа следи пауза од една седмица, па доколку чувствувате потреба, повторете уште еднаш.
4.Оброк кој треба да го консумира болниот
Потребни состојки:
1 шолјичка вода
1 шолјичка овесни снегулки
1 шолјичка 100% сок од портокал
2 шолјички коцки од ананас
1 лажичка цимет
½ шолјичка дробен бадем
Малку мед
Постапка:
Ставете ги овесните снегулки во сад со вода и оставете да се готват неколку минути.
Потоа, тргнете на страна да излади пред додавање во блендер. Додадете ананас, бадем, цимет, сок од портокал и мед по вкус. Измешајте добро, додавајќи по малку вода додека да ја добиете саканата густина.
Консумирајте ја оваа смеса секојдневно и болките ќе исчезнат, а вашите зглобови, тетиви и лигаменти ќе зајакнат. Значително олеснување ќе почувствувате уште следниот ден.