Потребни состојки:

6-8 тиквички

2 главици кромид

500 г мелено месо

3 чешниња лукче

1 јајце

1 шолја ориз (сварен)

За бешамел:

1,5 лажица брашно, малку масло

500 мл млеко

малку мирудија, зачини: сол, црн пипер, сув зеленчук

150 г кашкавал

Постапка:

Меленото месо пропржете го со сечкан кромид и зачинете го. Кога ќе подизлади, додадете му сварен ориз, сечкано лукче и јајце.

Тиквичките излупете ги, ако се млади само добро измијте ги и оставете ги со кора. Издлабете им ја средината. Секоја тиквичка малку посолете ја и наполнете ја со филот.

Направете бешамел сос: на малку масло пропржете го брашното, но внимавајте да не потемне, па најилте млеко и оставете да проврие.

Зачинете по вкус и гответе 5 минути, па оставете да подизлади.

Тиквичките редете ги во огноотпорен сад, па прелијте ги со бешамел сос. Помеѓу тиквичките, во сосот додадете малку од “месото” на тиквичките што ви остана при длабењето. Наросете со мирудија.

Кашкавалот изрендајте го, па наросете преку тиквичките.

Ставете во рерна и запечете ги на 180 степени, околу 30 минути.

Сервирајте со кисело млеко.