Фото и рецепт: Nada Lauco
Потребни состојки:
3 филџани шеќер
1 квасец
3 јајца
2 филџани масло
250 г гриз
500 г брашно +-
За шербет:
1500 г шеќер
1300 мл вода
1 лимон – сок
1 ванилин шеќер
За наросување: мелени и сечкани ореви и лешници
Постапка:
Зе замлачуваат 3 филџани класични од малите за млеко (со малку шеќер), се додава 1 квасец, па потоа 2 филџани масло и 3 јајца. Се мати убаво со виљушка. Се додава 250 г гриз и околу 500 г брашно.
Се замесува и веднаш се кинат топчиња колку пинг понг, малку се потплескуваат и се редат во намастен плех. Се печат на 180 степени додека убаво да заруменат.
Се вадат од рерна.
Шербет: се вари сируп од 1500 г шеќер и 1300 мл вода. Треба да врие 7-8 минути. Се додава малку сок од лимон и ванилин шеќер.
Се попарува: шеќерпарињата млаки а шербетот врел. Се попарува со половината од шербетот и се враќа во топлата рерна. После 10 минути се вади плехот, се превртува и се дотура шербетот, пак се враќа во рерна уште 10 минути. Се вадат, се наросуваат со мелени ореви и лешници сечкани, па се оставаат да го впијат шербетот.
Фото и рецепт: Nada Lauco