И самиот д-р Сергеј Бубновски за себе вели дека долги години варирал со килажата и имал проблем со телесната тежина, додека на крајот не го открил најдобриот начин на исхрана.
„И јас варирав со килажата додека на крајот не го открив најдобриот начин на исхрана. Луѓето често ме прашуваат зошто повеќе не се посветам на оваа тема околу правилната исхрана и зошто за тоа не зборувам или не пишувам во своите книги?
Јас сум една урбана личност и воркохолик. И како таков бев склон на екстремно нездрав и неправилен начин на исхрана. Учев доста за нутриционизмот, за диетите, а често испробував и разни видови диети (дури достигнав и сопствен рекорд во губење на килограми: ослабев 36 кг за 3 месеци, што значи дека месечно сум губел и до 12 килограми). После сето тоа дојдов до заклучок: диетата може да доведе само до нервоза (пореметување на сон, раздразливост, итн.).
Се обидов да живеам и по правилото на Антон Чехов кој еднаш запишал: “Станував гладен од маса, што значи дека сум јадел. Станував сит од маса, што значи дека сум се прејал. А ако сум се прејал, значи дека сум се затрул!“
Мојот пријател Владимир Абрамов имаше обичај да каже: Здраво тело има здрава килажа!
Многу зависи од начинот на живеење. Јас сум спортски тип, и ако имам можност пешачам, скијам, џогирам, пливам, а со тоа го одржувам телото здраво (еластичност на зглобовите и добра кондиција).
Поради тоа верувам дека квалитетното губење на килажата, без губиток на мускулна маса може да се постигне со комбинација од различни вежби, со истегнување, како и со балансирана исхрана.
Што се однесува на вежбањето, мојот предлог е следниот:
Пешачење: 2 часа со брзина од 6 до 8 км на час.
Трчање: доволни се 20 до 30 минути, но пулсот да не преминува 140-150 отчукувања по минута.
Нордиско пешачење: од 3 до 5 км дневно.
Пливање: без застанување, барем 1,5-2 километри.
Според мене диетата од било кој вид (ако се исклучат оние за дијабетичарите или срцевите болни или диетата после операција, како и за други различни здравствени состојби) е штетна ако не се спроведува правилно, бидејќи прво ја губите мускулната маса, а потоа дури салото.
Затоа е неопходно да се храниме правилно, за да не дојдат до одредени болести кои ги носи и неухранетоста.
ПРАВИЛА ЗА ДОБРА ИСХРАНА СПОРЕД ДОКТОР БУБНОВСКИ:
1.Јадете природна храна која не е обработена: овошје и зеленчук, јаткасти плодови, јајца, житарици, риба, млеко, сирење, зајачко, пилешко.
2.Одбегнувајте конзервирана храна.
3.Правете јадење кое содржи само 2 до 3 различни состојки (хранете се едноставно и ќе доживеете 100)
4.Одбегнувајте шеќер и сол, заменете ги со зачини. Солта заменете ја со сок од лимон или соја сос, а шеќерот со овошје или мед.
5.Одбегнувајте алкохол, особено со оброк, додека јадете. Виното и водата кога се консумираат заедно со храна, се акумулираат во дигестивниот тракт и ги раствораат ензимите кои се неопходни при разградувањето на храната. Ако испиете чај после јадење тоа ќе доведе до дебелеење. Наместо десерт подобро е да изедете лубеница или јаболко. (* но, и ова е погрешно, го отежнува варењето на храната – заб.нмд)
6.Престанете да пиете кафе и ќе забележите колку сте полни со енергија. Кога ќе го испиеме кафето добиваме бран енергија, но после неколку часа чувствуваме слабост и главоболка. Слични симптоми имаат и наркоманите кога имаат криза од дрога.
7.Што се однесува до водата: потребни ви се најмалку 3 литри вода дневно (12 чаши). На пример, јас преферирам пиење на вода наутро, пред вежбање и тоа се нарекува утринско туширање. Потоа пијам вода веднаш после вежбање, пред бањање, после јадење или 1-2 часа после оброк. Мора да испиеме многу вода. Ние сме составени од вода и колку повеќе ја менуваме, толку подобро се чувствува нашето тело.
Не пијам и не препорачувам пијалаци од конзерва како ни газирани пијалаци. Најдобро е да се пие изворска вода или од бунар (ако е чист), а оние кои патат од остеопороза и болести на зглобови, ова правило мора да го почитуваат ако сакат да се излекуваат.“