Ако видите нешто како бела пена на површината од теглата со медот, еве што значи тоа…

Можеби сте ја забележале и сте се запрашале што значи белата пена на површината на медот што сте го купиле од пчелари или посредници? Дали тоа е знак за лош квалитет, некаков додаток или е нешто друго?

Белата пена или „мраз“ што се формира на медот всушност е природна гликоза, односно заробен воздух. Може да се формира побрзо или побавно во зависност од содржината на природната гликоза и фруктоза.

Белата пена покажува дека медот е сиров и не е термички обработен пред да се пакува во тегли.

Оваа бела пена се формира природно и содржи многу природен полен кој е многу корисен за здравјето. Оваа медена пена има и посебен вкус – наликува на смесата за бонбони, но многу повкусна и покорисна.

Пената се создава за време на процесот на центрифугирање, а освен воздушни меури може да содржи незначинителна количина од минијатурни честички восок, прашина и слично, кои успеале да го поминат процесот на филтрирање..

Во индустриското производство тоа се одбегнува, бидејќи се излева во големи седименти, каде во текот на неколку дена пената и сите други честички испливуваат на површината, а потоа медот се истура од чешма која се наоѓа при дното.