Home Рецепти Брз и лесен освежувачки колач со вишни, може секој да го направи!...

Брз и лесен освежувачки колач со вишни, може секој да го направи! Излегува многу

Потребни состојки:

3 кори лиснато тесто

3 пудинг од ванила

1,5 литар сок од вишни

1 литар слатка павлака

5 лажици шеќер

1 пакување вишни

Постапка:

Корите развлечете ги на голем плех и избоцкајте ги со виљушка, па стеве да се печат. Постапката треба да ја повторите трипати за да добиете три кори.

<

Во сокот од вишни сварете го пудингот од ванила, па на крајот додадете ги вишните и оставете уште минута-две да се готви, па потоа тргнете од оган и оставете да излади.

Слатката павлака изматете ја во шлаг, па редете: кора – фил од вишни – шлаг, кора – фил од вишни – шлаг, завршувате со кора и одозгора наросете шеќер во прав.

Оставете колачот добро да излади, па сечете на коцки.

*1,5 литар сок од вишни: јас топам вишни од фрижидер и ги оставам да се цедат, па така добивам 300-400 мл сок а остатокот дотурам вода. Исто така може да користите и домашен сок од вишни ако имате.