Свински ребра печени во рерна…месото се топи и двои од коската…превкусно…Еве што ви е потребно.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг свински ребра

Зачини за маринада:
1 лажичка крупна сол
1 лажичка сув зачин
1 рамна лажичка слатка пиперка во прав
1 лажичка мелен лук
1 лажичка мед
2 лажички кечап
1 лажичка сенф
2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Ребрата избоцкајте ги од едната и од другата страна. Зачините измешајте ги во посебен сад.

Месото премачкјате го со маринадата и добро протријте го, ставете го во кеса за печење, па во огноотпорен сад. Кесата на неколку места малку потсечете ја за да може да излегува пареата и ставете да се пече додека да зарумени.

На дното од садот сипете чаша вода. После 1.5 час исечете ја кесата и оставете го месото уште малку да се допече додека да фати боја.

Ако немате кеса за печење, месото ставете го во огноотпорен сад намачкан со маст, па сипете чаша вода. Затворете со алу фолија и на неколку места избоцкајте ја.

Печете 2-3 часа со повремено додавање на вода. Се пече на 200-220 степени или во зависност од рерната.

Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: