Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Се прави едноставна кора, се сече и се филува, а потоа се валка во мелени и сечкани јаткасти плодови. Пробајте, ќе се изненадите.
Потребни состојки:
3 јајца
1 чаша од 200 мл шеќер
1 чаша брашно
½ чаша млеко
1 лажичка прашок за печиво (оптимално)
Постапка:
Се матат јајцата пенасто, па постепено се додаваат останатите состојки. Смесата се пече во намастено и набрашнето тавче 30х40, загреана рерна на 250 степени, а потоа 200 степени, околу 5 минути.
Кората се чека да излади, па потоа се сече на три ленти.
Првата кора јас ја филував со ванилин крем, втората со хопла во која додадов и малку шеќер, а третата со мармалад од јагоди. Вие можете да ги филувате по ваша желба.
Се сечат парчиња (должина како за еклери или индијанки), од сите страни се премачкуваат со хопла, па се валкаат во мелени лешници и ливчиња од бадем, а потоа се декорираат одозгора како индијанки.
Фото и рецепт: Зорка Јанчева