Јајца, сланина и малку зачини, звучи како сосем обичен појадок, но доколку го приготвите на овој начин, ќе бидете изненадени од ефектот, а секако ќе имате и доволно енергија до ручекот.
Потребни состојки:
5 јајца
200 мл неутрална, течна павлака
24 парчиња сланина
2-3 лажици пармезан
Неколку ливчиња босилек
Сол, црн пипер
Постапка:
Изматете ги ајјцата со павлаката и пармезанот. Додадете сол и црн пипер по вкус и неколу ливчиња босилек.
Пригптвете ги калапите за мафини кои ќе ги обложите со листови сланина, а потоа ќе ја дотурите и смесата со јајца.
Печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени, околу 12-15 минути.