Нешто вкусно а едноставно

Потребни состојки:

2 јајца

200 г шеќер

200 мл масло

200 мл млеко

200 г мелени ореви

200 г гриз

200 г брашно

2 рендани јаболка

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

50 г џем од кајсии

50 г сечкани ореви

Постапка:

Во одговарачки сад пенесто изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер. Додадете масло, млеко, ореви, гриз и брашно кое сте го измешале со прашок за печиво.

На крај додадете ги изренданите јаболка, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех (20х35 см).

Печете на 190 степени до 35 минути.

Печениот колач премачкајте го со џем од кајсии и наросете со сечкани ореви.

Колачот исечете го на коцки и наредете на чинија која претходно сте ја наросиле со шеќер и цимет во прав.