Јунешките шницли можете да ги приготвите на разни начини, но секогаш е потребно малку повеќе време за да бидат меки и сочни. Овој рецепт е предобар: се ставаат сите состојки во шерпа да се готват на тивко (од 6 намалувам на 2) и повремено се проверува да не изврие водата па да се дотури уште малку.

Јадењето се крчка подолго, барем моите шницли не беа од младо јунешко, но состојките му дадоа посебна арома и сочност.

Потребни состојки:

8 јунешки шницли

4 главици кромид

200 г месната сланина

100 мл масло

200 мл бело вино

200 мл вода

По вкус сол и црн пипер

1 полна лажица густин

По потреба се дотура вода

За прилог:

500 г замрзнати компирови њоки или нешто друго по избор

Постапка:

Јунешките шницли истенчете ги со толчник за месо преку најлон кеса и зачинете ги по вкус.

Кромидот излупете го и исечкајте го на коцкички, меснатата сланина исто така исечкајте ја коцкички.

На малку масло пропржете го кромидот да зарумени.

Во посебен подлабок сад со средна величина доставете го остатокот од маслото, па распоредете половина шницли на дното. Преку нив наросете половина кромид и сланина.

Наредете го остатокот од шницлите и наросете со остатокот од кромид и сланина. Ставете ловоров лист. Помешајте вино и вода и прелијте ги шницлите.

Поклопете и гответе 120 минути на средна температура со повремено долевање вода по потреба.

Пред крајот од готвењето разматете густин во малку вода, прелијте преку шницлите, па јадењето оставете го да проврие за „сафтот“ да згусне.

Пригответе прилог по желба и сервирајте со шницлите.