Home Диети Само една шолја од чудотворниот напиток на Доктор Оз го намалува шеќерот...

Само една шолја од чудотворниот напиток на Доктор Оз го намалува шеќерот во крвта и го подобрува здравјето

Само една шолја зелен чај дневно го подобрува метаболизмот за 12%! Покрај тоа, го регулира шеќерот во крвта, го помага менталното здравје, го намалува ризикот од срцев удар, го подига имунитетот…. со додаток од уште две одлични состојки, нане и портокал!

Потребни состојки:

1 литар вода

5 кесички зелен чај

1 портокал

1 шака свежо нане

Постапка:

Прво пригответе еден литар зелен чај. Загрејте ја водата до 80 степени, нешто пред зовривање, тргнете од оган па додадете ги кесичките чај. Оставете околу 3 минути и извадете ги кесичките, зошто ако стојат подолго од што треба, чајот ќе горчи.

Приготвениот чај оставете да излади и префрлете го во тегла од 1 литар.

Портокалот добро измијте го, можете да го излупите, но сочувајте го белиот слој под портокаловиот, па исечкајте го на парчиња.

<

Додадете го портокалот во чајот, како една шака свежи листови од нане. Затворете ја теглата и оставете преку ноќ во фрижидер, да се спојат состојките.

Наместо портокал можете да користите и мандарина.

Оваа количина е доволна за две лица, во текот на следниот ден, секој треба да испие по половина литар зелен чај.