Home печено месо Пивски ШНИЦЛИ, меки и вкусни, се топат во уста па не ви...

Пивски ШНИЦЛИ, меки и вкусни, се топат во уста па не ви е потребен нож…

Пивски ШНИЦЛИ, меки и вкусни, се топат во уста па не ви е потребен нож…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг свински шницли, тенко исечени
1 голема главица кромид или 2 помали
1-2 чешниња лук, рендани
брашно
1 лажица павлака
1 лажица сенф
масло, сол, црн пипер, сув зачин
100 мл пиво или бело вино
400 мл вода

ПОСТАПКА:

1.Кромидот ситно исечкајте го. Шницлите посолете ги и извалајте ги во брашно од двете страни.

2.Шницлите запржете ги во загреано масло колку да фатат коричка, па вадете ги во посебна чинија.

<

3.Во истото тенџере каде ги пржевте шницлите додајте уште малку масло по потреба, па испржете го кромидот, а потоа и лукчето. Додека на динстате на намалена температура по потреба додајте и малку вода.

4.Кога кромидот целосно ќе омекне додајте една лажичка црвен пипер и една лажица сенф. Промешајте па додајте го пивото. Кога ќе зоврие додајте ја и водата на два наврати. Зачинете.

5.Вратете ги шницлите во тенџерето и оставете го да се динстаат приближно 1 час. Гответе на тивко под капак и повремено промешувајте. Постапката погледнете ја ОВДЕ.