Не знам по кој пат го правам овој колач, многу брзо се приготвува, сочен е имногу вкусен.
Потребни состојки:
3 јајца
1 чаша шеќер
2 чаши ореви
1 чаша гриз
1 прашок за печиво
½ чаша масло
3-4 јаболка
½ чаша млеко
50 г чоколадо
Постапка:
Изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло и млеко, рендани јаболка, гриз со прашок за печиво, ореви и растопено чоколадо.
Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех, па печете на 200 степени околу 30 минути.
Печениот колач по желба можете да го наросите со шеќер во прав, мелени ореви, да ставите чоколадна глазура или да изрендате малку млечно чоколадо.