Магичен сок кој ги искоренува болките: ги подмладува зглобовите и кичмата!

Многумина во светот патат од болки во грбот, колената, нозете и зглобовите, особено кај постарите луѓе.

Болката најчесто ја чувствуваат луѓе кои денот го минуваат седејќи или водат неактивен начин на живот. Постојат многу различни причини кои доведуваат до болки во зглобовите, како што се остеоартритис, ревматоиден артритис, бурзитис, гихт, исчашувања и други повреди.

Медицинарите тврдат дека болката во грбот може да се излекува, но ако навремено се започне со лекувањето.

Кога станува збор за болка во нозете, тоа може да биде од претерано повторување на некои движења, повреди во зглобовите, коските, мускулите, лигаментите, тетивите и други меки ткива. Некои видови на болка во нозете имаат врска со проблеми во долниот дел на ‘рбетот. Лошата циркулација и вкочанетоста, исто така може да бидат причина за болка во нозете.

Сепак постои ефикасен, антивоспалителен напиток, кој ќе ви помогне да ги излекувате болните зглобови и болките во грбот. Овој напиток е многу едноставен и лесно се приготвува, а состојките се лесно достапни.

Потребни состојки:

1 портокал

2 шолји сечкан ананас

2 стебленца целер

2 круши

1 лимон

1 см свеж корен од ѓумбир

2 см сиров корен од куркума (или 1 лажичка куркума во прав)

1 прстофат црн пипер

½ лажичка кокосово масло

Постапка:

Прво излупете ги лимонот, портокалот, ѓумбирот  и куркумата.

Потоа исечкајте го ананасот и крушите.

Потоа сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете убава и хомогена смеса.

Ова е антиинфламаторен напиток кој брзо реагира и ги смирува воспаленијата во зглобовите.

Ако не можете сето да го испиете одеднаш, слободно складирајте го напитокот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер. Испијте го постепено во текот на денот.

Важно е да го приготвувате во блендер, а не во соковник за да не ги изгубите влакната кои имаат противвоспалително дејство.

Loading...