Фото и рецепт: Веселинка
Здраво НМД.мк и почитувани читатели на овој сајт. Овде прочитав многу добри рецепти за сирупи против кашлица, па би сакала да го додадам и споделам овој рецепт кој помага на „долги патеки”…
Децата го сакаат и го пијат без гадење и муртење зашто има пријатен вкус.
Рецептот го научив од мајка ми која беше дел од еден тим за превенција на болести на грло и бели дробови кај деца, како фармацевт.
Ова е еден од оние сигурни и испробани народни рецепти (нејзиниот тим го одобри), кој поволно делува кај чести воспаленија, ја јакне слузокожата на грлото и ги намалува проблемите кај сува кашлица.
Потребни состојки:
10 цели ореви (во тврда лушпа)
1 литар вода
¼ лажичка морска сол (околу 3-4 грама)
и уште: по вкус може да се додаде мед како засладувач
Постапка:
Оревите во дрвенестата лушпа добро измијте ги.
Искршете ги на помали парчиња и заедно со лушпите ставете ги во тенџере.
Прелијте ги со 1 литар ладна вода, додајте сол и варете на тивок оган додека количината на течноста да испари на малку повеќе од половина.
Изладете и процедете.
Лекот чувајте го на ладно и темно место, затворено во порцеланска или стаклена тегла.
Па дури и на мали деца (над две години) може да се дава, секој ден: половина мала шолјичка за кафе (околу 50 мл) благо загреан сируп, засладен со мед, помеѓу оброците (ако се внесува со храна ќе се редуцира ефикасноста).
По потреба подгответе нова количина.
Како и со секој лек, не треба да се претерува. И не заборавајте да се советувате со вашиот лекар пред примена на препарати од народната медицина.
Фото и рецепт: Веселинка