Фото и рецепт: Вернеса Мехмедовиќ
Потребни состојки:
2,5 поголеми шолји шеќер
2,5 шолји вода
1/2 прашок за печиво
И уште:
2,5 шолји брашно
1/2 прашок за печиво
Постапка:
Водата со шеќерот и половина прашок за печиво ставете на оган да зоврие, па додадете го брашното помешано со половина печиво и мешајте постојано додека смесата да се стврдне и формира топка.
Оставете целосно да излади.
Во изладеното тесто додадете 3 јајца, едно по едно.
При секое додавање на јајце месете со рака додека тестото да го впие јајцето, па потоа додавате ново јајце.
Добиеното тесто го полните во кеса за тулумби, па ги пржите во загреано масло.
За шербет се ставаат 1 кг шеќер да зоврие со 10 шолјички вода, па пржените тулумби се ставаат во изладениот шербет неколку часа или преку ноќ додека убаво да впијат.
За шупливи и цврсти тулумби потребно е тулумбите да се стават во ладно масло па дури потоа да се стави на оган.
Како ќе се загрева маслото, така тулумбите ќе се одлепуваат од дното и ќе испливуваат на површина.
Но во домашни услови тоа е малку потешко, потребни се повеќе садови со масло, па додека едното масло се лади во меѓувреме се пржат нови тулумби… вака ги приготвуваат во слаткарите.
Фото и рецепт: Вернеса Мехмедовиќ